СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со понудата на кандидати за градоначалници ги потценува и понижува граѓаните

Од:

Единствен квалитет на предложените кандидати е тоа што се продолжена рака на Никола Груевски и што ревносно го следат примерот на нивниот шеф за коруптивно и расипничко владеење.

Со понудата на кандидати за градоначалници, се потврдува дека опозициската партија нема сили и капацитет да се ослободи од криминалот во своите редови и да се извлече од стегите на Груевски. Повеќето од кандидатите кои повторно ќе бараат поддршка од граѓаните, за време на своите претходни мандати ги опустошија општините и ги осиромашија граѓаните. Со таквите кандидати, ВМРО-ДПМНЕ ги потценува и понижува граѓаните.

Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен криминал, корупција и неспособност. На претстојните локални избори граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дадат силна поддршка на чесната понуда на СДСМ и коалицијата, со што ќе стават крај на криминалното, неодговорно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан