СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со очајна лага за образованието на Ковачевски покажува голем страв уште на почетокот

Од:

Жални се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитираат образованието и компетенциите на претседателот Димитар Ковачевски уште првиот ден по неговиот избор. Очигледно стравот е голем па од недостаток на аргументи одлучија веднаш да пристапат кон нивната единствена стратегија во политиката – лажењето велат во реакција од СДСМ.

– На сите објавени резимеа на претседателот Ковачевски достапни на интернет, вклучително и во неговата програма стои јасно каде студирал, магистрирал и докторирал. Секаде стои јасно напишано и каде поминал стручни усовршувања, а такви имал повеќе меѓу кои и на Харвард. Претседателот Ковачевски имал стручно усовршување на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година, Европскиот претприeмнички колоквиум на Техничкиот Универзитет во Минхен каде станал ЕФЕР ЕЕЦ алумни во 2015 година, Ротердам Школото за Менаџмент при Еразмус Универзитетот во Холандија во 2016 година и ЕАДА Бизнис Школото во Барселона, Шпанија во 2017 година. За разлика од ова квалтетно образование на Ковачевски, едиснтвеното стручно усовршување Мицкоски го имал кај својот татко каде бил асистент, стои во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема