СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислени конструкции намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно делување и преку лаги и измислени конструкции се обидува да го девастира здравствениот систем и да внесува страв и вознемиреност кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски без докази со лажни обвинувања за наводни провизии и нерегуларности, намерно го поткопува процесот за набавка на вакцини, со што предизвикува директна штета за здравјето на граѓаните“, велат СДСМ.

„Во набавката на кинеските вакцини, нема ништо незаконски. Владата ги користи сите механизми за набавка на вакцини од што е можно повеќе производители.

Граѓаните знаат дека СДСМ и институциите што ги предводи вложуваат максимални напори за заштита на јавното здравје, а ВМРО-ДПМНЕ прави опструкции, шири дезинформации и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнета од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда