СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше лекарите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Урнисан здравствен систем, понижени доктори и медицински персонал, погазени права на пациентите и лоши здравствени услуги, се само дел од последиците кои останаа по 11 годишно деструктивното и криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од една деценија расипничкото раководство го потценуваше трудот на лекарите и ги погазуваше правата на пациентите само за да се остварат нечии криминални интереси.

Владата предводена од СДСМ го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ.

Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, направен е одржлив план за изградба на нов клинички центар , а итната медицинска помош доби 12 нови возила.

Над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а се зголемија и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, се со цел поголема мотивација и достојни услови за работа.

Со предлог Буџетот за 2019 година , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Она што беше ветено, се остварува. Со мерките кои ги спроведува владата предводена од СДСМ, специјалистите добиваат плата повисока од 90 илјади денари , со тенденција до крајот на наредната година таа да биде 100 илјади денари, а се со цел вистинско вреднување на трудот на докторите и нивно задржување во јавното здравство.

Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поквалитетно здравството за пациентите, вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1