СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на дигитализацијата на наставата, проект што пред неколку месеци го имаа наведено во изборната програма

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се откажуваат ниту имаат намера да стават крај на деструктивното и антинародно однесување кое е на директна штета на образованието и наставниот процес.

Ретроградната партија предводена од Христијан Мицкоски по секоја цена се противи на секоја реформа која доведува до унапредување на квалитетот на образовниот систем во државата.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивставува на дигитализацијата на наставата, проект што пред само неколку месеци го имаа наведено во изборната програма“, велат СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во последната изборна програма како ветување пред граѓаните имаат наведено дигитализација во образованието, платформа за е-учење, подготовка на видео материјали од страна на наставниот кадар и секако – дигитални учебници.

Покрај противењето на дигитализацијата во образование, ВМРО-ДПМНЕ се противи и изнесува невистини и сее страв и паника за предмети кои опфаќаат сеопфатно сексуално образование.

Но, токму ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма ветила пред граѓаните воведување на ваков предмет.

Ова ветување доаѓа од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2020 година каде што пред граѓаните дале ветување дека во шесто одделение ќе се изучува предмет каде ќе се дискутираат теми од сексуалното образование.

Јавноста сведочи уште едно големо лицемерие на ВМРО-ДМНЕ.

Наместо да ги манипулираат граѓаните, наместо да кочат и блокираат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат и да одговорат: Кога ги лажеа граѓаните? Кога ги ветуваат овие проекти пред избори или денес кога по секоја цена ја опструираат нивната реализација?

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието, вршеше притисок врз наставниците и професорите, а нашите ученици беа со најслаби резултати на меѓународни тестирања.

Денес, кога се воведува нов, модерен и европски концепт на настава, ВМРО-ДПМНЕ блокира, протестира и се затскрива зад наводни граѓански иницијативи со цел реформите во образованието да не бидат материјализирани.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да нанесува штета на учениците и родителите, наставниците, на образованието во нашата држава и затоа одново ќе биде казнета од граѓаните“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар