СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ си одборјува до заминување од власта

Од:

„Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а граѓаните дишат нечист, загаден воздух.

Денеска, воздухот во Скопје е повторно 4 пати позагаден од над максимално дозволените граници.

Денеска, воздухот во Тетово е повторно 7 пати позагаден од максимално дозволеното.

Македонија е на прво место по изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички, според извештајот на Светска банка. Загадениот воздух е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија.

Прскалките на Никола Груевски освен задоволување на бизнис интересите на фамилијата немаат никаков друг ефект.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ започнува да ја прифаќа реалноста дека наскоро ќе биде опозиција.

Во соопштенијата ВМРО-ДПМНЕ си ги одбројува деновите до целосно заминување од власта. Очекуваме да стават уште еден одборјувач за деновите до оставката на Никола Груевски од премиерската позиција и неговото конечно заминување од политичката сцена.

На 24 април доаѓа пролетно чистење на валканите политиките на Никола Груевски.
Збогум Никола“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар