СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се загуби, загадувањето на воздухот била „несериозна тема“

Од:

„Толку е загубена ВМРО-ДПМНЕ во нереален, виртуелен свет што за нив темата со енормното загадување на воздухот е “несериозна“ и за „дебата пред маалска кооперација“.

Граѓаните денеска и официјално слушнаа што мисли ВМРО-ДПМНЕ за енормно загадениот воздух.

За ВМРО-ДПМНЕ загрозувањето на здравјето на граѓаните е несериозна тема.

Ете толку мисли ВМРО-ДПМНЕ на здравјето на граѓаните.

Извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи.

Се тоа за ВМРО-ДПМНЕ е неважно!

Да. За ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните не е важно. Тоа граѓаните многу добро го знаат. За ВМРО-ДПМНЕ се важни само тендерите, парцелите, провизиите од потрошените 630 милиони евра за споменици.

Без и идеи и со поразителни резултати на економски, политички и меѓународен план, ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните. Затоа продолжува да ги навредува.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он