СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се води од теснопартиски интереси и ги кочи реформите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги и тоа е факт. Ова е веќе видено лицемерно однесување на партијата којашто е симбол за гушење на медиумските слободи, пропаганда и корупција.

Кога ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација на медиумските регулаторни тела и јавниот сервис веројатно мисли на дел од сегашните членови на Советот и на АВМУ и МРТВ коишто се партиски членови, сегашни и поранешни партиски функционери токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Последен пример е назначувањето на Косана Мазнева на партиска функција во кабинетот на Христијан Мицкоски, додека истовремено е и член на Програмскиот совет на МРТ.

Ова потврдува дека на ВМРО-ДПМНЕ не и се важни независните регулаторни тела и јавниот сервис. За ВМРО-ДПМНЕ не е важна слободата на говорот, граѓаните и слободата на медиумите. ВМРО-ДПМНЕ единствено се води од теснопартиските интереси и затоа ги кочи реформите и работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

Благодарение на досега спроведените реформи во медиумската сфера, Македонија од страна на релевантни меѓународни организации е препознаена како светла точка во регионот.

Зацртаните реформи со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе стават крај на политичките влијанија врз медиумите и нема никогаш повеќе да дозволат Македонија да биде оценета како неслободна држава во која медиумите работат под притисок, уцени и закани, како што тоа беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски