СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да дефинира политички начин на делување во интерес на граѓаните

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Економска пропаст, неказнивост, партизирани институции, заробено судство и криминал и корупција од епски размери беа главните одлики на 11 годишното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да дефинира политички начин за делување во интерес на граѓаните и се однесува како опција што промовира враќање назад, деструкција и поделби.

Но, граѓаните избраа иднина, напредок, економски развој.

Македонија тргна напред, економијата е стабилизирана, вратена е довербата во институциите и државата.

Последна потврда за тоа се и официјалните податоци според кои само во првиот квартал од 2018 година во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е повеќе отколку за цела 2017 година, и е најмногу споредено со првите тромесечја во последниве 12 години.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на реална програма, на граѓаните им нуди само лажни вести и измислени случаи“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски