А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да создава нови, вештачки поделби меѓу граѓаните

by А1он20/11/2017 - 16:02188
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и останува заробенa во своите политики на поделби, конфликти и изолација, политики што граѓаните целосно ги отфрлија на последните избори. ќ

Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата и обврските. Измените на Законот за употреба на јазиците ја унапредуваат употребата на сите јазици на сите заедници во Република Македонија и истите се во согласност со Уставот на Република Македонија и Амадманот пет кои што се донесени пред 16 години.

Неуспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со јавноста и да создава нови, вештачки поделби меѓу граѓаните. Употребата на Македонскиот јазик и Албанскиот јазик нема да биде идентична.

Наместо секојдневно да шири лажни вести, граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да даде поддршка на процесите што носат придобивки за сите граѓани и коишто ја градат Македонија како едно општество за сите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:58

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто