СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ против повисоки плати за административните службеници

Од:

„Покрај тоа што не гласаа за потребата од носење по скратена постапка на Законот за социјална заштита, ВМРО-ДПМНЕ денеска застана и против административните службеници“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ преку својот координатор денеска во Собранието побара од дневен ред да се тргне Законот за административни службеници.

Со измените на овој Закон се предвидува ниту еден административен службеник да не зема плата пониска од 18.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ е против помош за ранливите категории граѓани, против повисоки плати на службениците, оваа партија знае само да блокира и да штити криминал“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?