СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, провизиите и договорените тендери се одлика на нивното работење

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Аросвски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Атнинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од неспособниот Христијан Мицкоски е навикнато на провизии, криминали и договорени тендери затоа денес измислува непостоечки случаи.

Провизии, криминални тендери и сомнителни зделки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски, а јавноста многу добро слушна како Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески, заради лично богатење договараа провизии за автопатите со што нанесоа милионски штети врз Буџетот на Република Македонија.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат очигледната разлика помеѓу криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ кое резултира со економски раст и напредок.
По години уназадување, економијата денес се движи во нагорна линија, платите растат, растат странските инвестиции, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, расте извозот и индустриското производство, а невработеноста опаѓа.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски не нуди ништо добро за граѓаните, нема план, нема програма ниту визија, туку нуди единствено лажни вести, деструкција, блокади и одбрана на криминалот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни