СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести обидувајќи се да се спаси од изборен пораз

Од:

СДСМ испрати писмено соопштение реакција на денешната прес-конференција на Алексаднар Тргачевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести преку кои очајнички се обидува да се спаси од извесниот пораз на локалните избори.

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантираше лажните вести што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребата на полицијата за предизборно застрашување и попречување на слободно движење беше главна одлика на владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ. Таквата криминална ера на злоупотреби на институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција.

Ослободувањето и професионализацијата на државните институции гарантираат слободни, фер и регуларни избори на кои целосно ќе се испочитува избирачката волја на граѓаните и ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ не може тоа да го промени“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени