СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку Курир уплашено реагира на видео-обраќањето на претседателот Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку својот портал Курир панично и уплашено реагира на видео-обраќањето на претседателот Зоран Заев по повод почетокот на школската година. За ВМРО-ДПМНЕ, пораката на Заев наставниците да имаат пристојни услови за работа и достоинствени плати, а родителите да ги поддржуваат своите деца е „скандалозна или луда“, наведуваат од СДСМ.

Како што можеме да прочитаме од нивниот портал Курир, за партијата на Никола Груевски, скандалозно е и кога некој посакува идните генерации да размислуваат со своја глава и гласно, да се борат за своите права и за подобро утре.

За ВМРО-ДПМНЕ и за Груевски нормално е младите да бидат заклучувани во своите училишта и да бидат заплашувани од директорите. За СДСМ тоа е и лудо и скандалозно. За среќа, тоа наскоро ќе биде минато, па и учениците и родителите и наставниците и професорите ќе може да учат, предаваат, творат и создаваат во слобода, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија