СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да ги блокира реформите во образованието

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да ги блокира реформите во образованието и дигитализацијата на наставниот процес во Собранието и надвор од него.

Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ непрестано шири лаги и манипулации, сее страв и поделби во јавноста дека ќе се укинуваат предмети, дека учениците ќе останат без учебници, со цел да блокира реформи кои се во интерес на образованието, наставниците и учениците.

Повторно им се случи тотално фијаско на протестите каде освен активистите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, други граѓани немаше, што покажува дека јавноста не ги поддржува погубните политики на партијата предводена од Христијан Мицкоски“, велат СДСМ.

„Новото фијаско на протестите е потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ не му е грижа за учениците, ниту му е важно образованието, туку важно им е само да ги опструираат реформите во образованието.

Наместо да излезе со конструктивна понуда, дебата и издржани аргументи, ВМРО-ДПМНЕ преку блокади и деструкции се спротивставува и кочи се што е во интерес на граѓаните и државата, се што носи напредок и развој.

Граѓаните одамна ги прочитаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не им даваат поддршка на протестите, затоа шест пати ги казнуваат на избори.

Граѓаните не сакаат државата да ја води ретроградна партија која освен уназадување нема капацитет да понуди ништо друго, затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе биде во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел