СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема никаква стратегија и никаква програма освен ширење лажни вести

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за земјоделството кога 11 години ги манипулираше малтретираше и ги понижуваше земјоделците.

Доколку навистина се грижеше за земјоделците ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеше дека се исполнети барањата на производителите, откупната цена на зелката до празникот Велигден да биде 20 денари, и таа се задржа тогаш на тоа ниво. Последна цена заклучно со втората половина на месец мај од 28 е до 30 денари.

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата само за да се остварат нечии криминални интереси. Денес наместо криминал, неспособност и корупција, во инфраструктурата се случуваат сериозни инвестиции во вредност од 270 милиони евра преку кои се градат нови и се реконструираат 60 патни правци.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква стратегија и никаква програма освен да шири лажни вести преку кои очајно се обидува да го сврти вниманието од својата неспособност и скандалот со лагите на нивниот претседател Христијан Мицкоски“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски