СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да се реформира и само шири лажни вести, сее поделби и омраза

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Спиро Ристовски.

„Лажните вести се последната, очајна, деструктивна стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку ниско падна ВМРО-ДПМНЕ покажува денешниот комичен јавен настап на Спиро Ристовски.

Јавно објавена фотографија од дебата во општинска организација не е и не може да биде ниту скандал, ниту криминал.

Очигледно Спиро Ристовски се збунил, па мисли на времето кога тој и неговиот колега Миле Јанакиески вршеа притисоци врз лица вработени на факултети, нарачуваа „пиштење вриштење“, кога МВР беше МВРО-ВМРО, кога граѓаните се влечеа за уши да гласаат, а институците беа партиски испостави и не работеа за граѓаните.

За жал Никола Груевски и Сашо Мијалков се уште ја контролираат партијата којашто нема капацитет да се реформира и само шири лажни вести, сее поделби, омраза.

Оттука и кандидирањето на старо новите крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Спиро Ристовски нека се помират со вистината дека завршија злоупотребите на институците со нивното заминување во опозиција.

Државните институции се реформирани и ослободени од стегите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Локалните избори ќе бидат фер, слободни и регуларни, а секој кој ќе работи спротивно на законот ќе одговара за своите постапки без разлика на неговата партиска определба.

Влада предводена од СДСМ работи чесно, одговорно, и во интерес на сите граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни