А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците

by А1он08/07/2019 - 17:331090
Share0

Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ партијата која го урниса земјоделството денес како опозиција да глуми наводна загриженост за земјоделците, реагира СДСМ на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој навремено и неселективно ја исплати основната субвенција по површина за одржување на овошни насади, тогаш кога им беше најпотребна на овоштарите, односно пред почетокот на новата производствена сеозна.

За оваа поддршка се исплатија вкупно 96 милиони денари на 2.156 овоштари.

Во однос на дополнителната субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко, барањата за истата се во завршна фаза на обработка, се работи за обемна документација на што посветено секојдневно работи Платежната агенција, и истата во најкус рок ќе биде исплатена.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во изминатиот период Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги исполни сите барања на овоштарите.

Навреме се исплати основната субвенција по хектар и се продолжи рокот за поднесувањето на барањата за интервентната мерка за јаболката од 25-ти декември 2018 година на 25-ти јуни 2019 година.

Надлежното министерство и Владата предводена од СДСМ постојано носат решенија кои се во интерес на овоштарите и производителите на јаболка.

Во првата годишна програма за 2018 година, субвенциите по хектар за развојната категорија на овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари се зголемија за 20 отсто односно од 33.000 на 39.600 денари по хектар.

Истата година за дополнителни субвенции за килограм предадено јаболко во преработувачки капацитети беше зголемена од 2 на 3 денари по килограм.

Оваа година во новата Програма субвенциите за одржување на насади се зголемени и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Дополнителни 15% добиваат повисоки субвенции добиваат овоштарите кои имаат насади во подрачја со огранични можности над 700 метри надморска височина, и таа субвенција за развојните категории достигнува 57.500 денари по хектар.

Ова се само дел од мерките кои ги решаваат проблемите на овоштарите и ги унапредуваат условите за работа на производителите на јаболка.

Наместо лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ нека гледа и учи што значи вистинска грижа за земјоделците.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Горан Наумовски30/07/2026 - 08:03

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

Горан Наумовски29/07/2026 - 16:51

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:48

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 14:1729/07/2026 - 14:35

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 11:1629/07/2026 - 14:36

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски28/07/2026 - 14:0728/07/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео