СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што се откриени нивните вистински намери

Од:

„СДСМ и граѓаните се посветени на европската иднина а ВМРО-ДПМНЕ на одбрана на криминалот, граѓаните избираат иднина

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што нивните вистински намери се откриени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана само на одбрана на криминалот што 11 години го спроведуваше поранешната врхушка на оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ не мисли ниту на иднината на државата ниту на граѓаните.

Вистината што ја објави вицепремиерката и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, е дека 90 проценти од времето на лидерски средби било потрошено на барањето на ВМРО ДПМНЕ за амнестија.

Единствениот интерес на ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби не била македонската иднина, туку судбината на криминалците коишто 11 години дивееа, злоупотребуваа, прибираа се што можеше да приберат, а граѓаните ги оставија осиромашени, во изолирана и задолжена држава.

Сите прогресивни сили, сите политички субјекти кои се за македонската иднина се одлучни и обединети да се обезбеди македонската иднина, преку членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет.

Само Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат назад во темното минато на криминал, насилство, неказнивост и изолација.

Амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.

Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво.

Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на референдумот на 30-ти септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок.

Никој нема да ја закочи македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници