СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заврши времето на МВРО-ВМРО

Од:

СДСМ реагира на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиешто владеење ќе остане запаметено по масовната партизација на институциите и по злоупотребата на полицијата, секојденвно пласира измислици и невистини.

Лажни се наводите на ВМРО-ДПМНЕ за притисоци, уцени и злоупотреби во Министерството за внатрешни работи. Тоа не е вистина.

Како што јавно објави МВР сите процедури за распоредување на вработени се спроведуваат според постапка утврдена со Законот за внатрешни работи и другите подзаконски акти.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека заврши времето на МВРО-ВМРО и злоупотребата на полицијата во лични и партиски интереси.

Со реформскиот процес по промените, полицијата се професионализира, се опремува, делува неселективно и се развива како вистински пријател-заштитник на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски