СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да демантира било што се додека власта го крие договорот за соработка со Кембриџ

Од:

Во врска со воведувањето на т.н. Кембриџ проект ВМРО-ДПМНЕ не може да демантира било што се додека власта го крие договорот за соработка со Кембриџ и Извештајот од Комисијата што ја одобрила програмата, велат од СДСМ.

Зошто власта на ВМРО-ДПМНЕ јавно не го објави Договорот за соработка со Кембриџ?
Зошто јавноста и граѓаните да незнаат што Министерството за образование купувало за 12 милиони евра?

Што се однесува до катастрофалната состојбата во образованието или какво добро направило ВМРО-ДПМНЕ се гледа секој ден во училиштата.

Министерството за образование дозволи во повеќе училишта во државата да нема греење за учениците. За каков квалитет на образование зборува владејачката партија кога во некои училишта децата нема основни услови за работа?

Дополнително, целиот образовен систем е под страшен притисок од казни и закани. Наставниците наместо да се стимулираат се казнуваат со 15% од нивните примања за 12 месеци. Веќе се казнети илјадници наставници од основното и средното образование.

Ете тоа се резултатите од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во образованието кои не донесоа ништо добро.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он