СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже за наводни 3.500 тужби против МВР

Од:

Нов ден, нова лага од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Лажните вести остануваат единствениот начин на делување на позициската партија. Официјалните податоци од Министерството ги демантираат лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ дека бројот на тужби на вработени кон МВР по разни основи изнесува 3500, туку е далеку помал и изнесува 1387 тужби, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ направи вистински хаос во МВР, тие се навикнати на злоупотреби на институциите и за нив тоа е единствен начин на функционирање. Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најавениот ветинг во полицијата.

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за професионални институции и правна држава, тие се симбол на режим и злоупотреби на институциите.

Откако СДСМ ја предводи Владата, за само 2 години почна да се враќа угледот и довербата во МВР, полицијата е професионализирана и работи во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи наследи официјална статистика според која граѓаните имаа само 23 отсто доверба во полицијата, а денес по спроведените реформи довербата драстично се е зголемена и изнесува 75 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ е заробена во сопствените црнила и криминалната матрица на Груевски и не може да се помири дека МВР функционира професионално, нуди безбедност и сигурност за граѓаните. Нема повеќе МВРО-ВМРО!“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните