СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

Од:

Соочени со целосна безидејност, секојдневни скандали кои ја тресат Владата и вистината за Кочани која покажа дека за најголемата трагедија одговорна е власта, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Целосно е неточно тврдењето дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, поседувал такво возило од марка „Ауди“. Тоа е чиста лага. Возило никогаш не било ниту во негова сопственост, ниту сега, ниту во минатото, реагираат од СДСМ.

Целиот имот на Венко Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови. Тоа е реалноста.

Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ со евтини и провидни измислици да се обидува да наметне лажни сомнежи за наводна корупција, без трошка доказ, без факт – само со политичка злоба. Затоа што вистинските скандали се во дворот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту идеи, ниту резултати, власта ја тресат скандали секојдневно па единственото што им преостанува е црна кампања против Филипче.

Овие очајнички обиди да го оцрнат Венко Филипче покжаува колку ги плаши.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со лагите и да одговори на вистинските прашања – кога Тошковски, Јанев и Мицкоски ќе поднесат оставки за трагедијата во Кочани, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ