СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар во 2019 година

Од:

На крајот на декември кога се сумираат резултатите од годината што изминува неизбежно е да се констатира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголем кочничар на иднината на земјата во 2019 година, велат од СДСМ преку соопштение.

„Фактите непобитно зборуваат дека заканата за иднината на земјата доаѓа токму од ВМРО-ДПМНЕ која се обидуваше и се уште се обидува да го закочи прогресот на сите полиња.

Во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно, на над 320.000 пензионери.

Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителeн број стечајци.

Кочат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Кочат сѐ што не е по планот на Никола Груевски.

Ја кочат демократијата. Поднесоа илјадници амандмани само за да спречат 1 изборна единица. Знаат дека граѓаните не го сакаат Христијан Мицкоски и затоа не сакаат отворени листи. Се плашат од гласот на граѓаните.

Не го поддржуваа ниту Законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО членството. Велат им пречело името на земјата. А не им пречи кога шетаат по службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни настани потпишани под името Северна Македонија. Тешко и профитерско лицемерие.

Го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО. Најавуваат дека ќе ја враќале земјата назад. Не кажуваат каде е тоа назад, зашто граѓаните добро се сеќаваат на заплашувањата, уцените, изолацијата, непотизмот и корупцијата на најбогата партија во Европа.

Ни три месеци пред избори не се знае за што се залага ВМРО ДПМНЕ. Се уште немаат изборна програма. ВМРО ДПМНЕ значи нестабилност, ризик, еднопартиски систем. Се она што не го сакаат граѓаните.

Граѓаните повторно ќе победат на изборите на 12 април“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство