СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира постапката за формирање на ДИК, аменстија за криминалот и насилството нема да има

Од:

СДСМ реагира на искажаните ставови на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека за него поважна е одбранат на криминалот и судбината на Никола Груевски отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ја блокира постапката за формирање на Државна изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за иднината на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека амнестија за криминалот и насилството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има.

Граѓаните, јавноста и целиот демократски свет го препознаваат историскиот успех што е постигнат со договорот. Со конечниот договор се обезбедува иднината и безбедноста на Македонија како членка на НАТО и ЕУ и се гарантира македонскиот идентитет, Македонци, македонски јазик, македонска посебност се обезбедени еднаш за секогаш.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го бранат криминалот, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува европска иднина.
Македонија чекори кон членство во ЕУ и НАТО и се гради како држава со европски правила, деструктивните сили нема да ја вратат во темното минато на изолација, криминали насилство“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници