СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ги унапреди правата на жените работнички

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Нола Исмајлоска Старова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше цели 11 години да предложува и усвојува законски измени и нови закони што ќе ги унапредуваат работничките права, особено на жените работнички. Но, наместо вистинска грижа за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше посветено единствено на исполнување и заштита на криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници.

СДСМ, пратениците од СДСМ и коалицијата и новата реформска Влада ќе работат на унапредување и заштита на работничките права, особено на жените работнички. За таа цел, преку сет законски измени ќе се унапреди работно законодавство со дополнителна заштита на бремените жени работнички.

Конкретниот предлог закон односно законските измени поднесени од граѓанската иницијатива беа проследени со низа формално-правни неправилности и мораше да бидат вратени назад на доработка. СДСМ и сите пратеници од парламентарното мнозинство се сложуваат дека треба да има поголема заштита на бремените жени работнички и измени во делот на породилното отсуство во Законот за работни односи, но и дека најдобро и најефикасно е измените да се носат во пакет по одржување на широка јавна дебата со сите засегнати страни“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он