СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот Мицкоски Скопје го доведоа до банкрот

Од:

„Поради неспособноста, неодговорното и недомаќинско работење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неговата најдоба менаџерка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот“, соопшти СДСМ.

„За само една и пол година од плус 13 милиони евра на сметка и годишен буџет од околу 100 милиони евра, градската каса е празна, Скопје тоне во долгови.

Парите се потрошени, а во овој временски период не е реализиран ниту еден капитален проект, не се довршени ниту проектите што беа наследени.

Нема бесплатен јавен превоз, нови 250 автобуси, нема мега паркови, нема ништо од модерно Скопје, стои реконструкцијата на Универзална сала, на мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова се одвиваат бавно и со застои.

Јавните градски претпријатија едвај функционираат. Јавниот превоз е во колапс, вработените во ЈСП веќе еднаш штрајкуваа, протест имаше и во ЈП Комунална Хигиена, а катастрофална е ситуацијата и во „Водовод и канализација“ во Градски Паркинг и останатите претпријатија и установи под надлежност на Град Скопје.

Толку од менаџерските способности на Арсовска, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски.

СДСМ в понеделник ќе побара седница на Советот на Град Скопје со единствена точка на дневен ред – актуелната финансиска состојба во Градот, да се добие одговор на прашањето каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните?“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра