СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно шират лажни вести и измислици

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ упорно продолжува да измислува и конструира непстоечки случаи во обид да спечали некаков ситен политички поен.

Со недели од белиот дворец лажат за наводен нелегален тутун иако тие лаги досега неколку пати се демантирани.

Според јавно објавени информации, за конкретниот случај за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ, уште пред неколку месеци отворена е предистражна постапка во рамки на Царинската управа, известен е и надлежен Јавен обвинител, пред ВМРО-ДПМНЕ воопшто и да ја отвори оваа тема“, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ предводена од бранителот на криминалот Мицкоски, му пречи тоа што денеска се води неселективна и бескомпромисна борба против корупција, па затоа шират лажни вести против вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и неговото семејство.

Времето кога се контролираа и отвораа наменски фирми за одредени бизниси и никој не одговараше за ништо заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, никој не е над законот, секој што ги прекршил законите одговара без разлика кој е.

Фрустрирани од поразите, и очајни затоа што не успеваат да го одбранат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им останува само да шират лажени вести, да конструираат случаи во кои никој повеќе не верува.

Ете затоа губат на сите избори во последните четири години, затоа ќе изгубат и на локалните избори на есен“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Горан Наумовски

Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија