СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица стојат зад срамните протести, најостро ги осудуваме нападите врз лекарите и медиумите

Од:

„СДСМ најостро ги осудува протестите, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите на протестите во неделата. Докторите и медицинскиот персонал се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност, бидејќи тие неуморно се на првите линии во одбрана од коронавирусот“, соопштува СДСМ.

„Правото на протест е уставно загарантирано, но исто такво е и правото на здравје. Пораките од протестите, иконографијата идентична со опозициските митинзи, нападите против актуелни министри, покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица,помогнати од движењето Бојкотирам.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица силно се спротивставуваа на новите мерки за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата дејствуваат спротивно од препораките, отворено поттикнувајќи непочитување на мерките.

Дезинформациите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои одвраќаат од вакцинација се на директна штета на сопственото, но и колективното здравје.

Пораките, нападите од срамниот протест се директно загрозување на здравјето на граѓаните во време кога сите напори се насочени кон што поголем опфат на вакцинација.

Масовната вакцинација е единствениот начин да се заштитиме себеси и оние околу нас.

Ги повикуваме граѓаните кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро.

Недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините е фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните.

Од исклучителна важност е и почитувањето на новите мерки за заштита на здравјето.

Во многу држави се бара ковид сертификат за влез во различни објекти и на настани и тоа не е дискриминација, туку одговорност и заштита на колективното здравје.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите, да придонесеме во борбата која е заедничка за целиот свет“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски