СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Димовски денеска требаше да се извинат за безобразниот начин на одбрана на криминалот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Димовски, од белиот дворец, од симболот за криминалот и корупцијата денеска требаше да се извинат за безобразниот начин на одбрана на криминалот, да се повлечат и да повикаат на одговороност во сопствените редови, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде лицемерието на криминалната ВМРО-ДПМНЕ уште поголемо, прес конференции Мицкоски го пушта да држи ниту помалку ниту повеќе туку токму Димитар Димовски.

Јавноса знае дека Димовски има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хирдо Мицкоски. Затоа Димовски требаше да објасни како тоа фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски?

Димовски е некогашна десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого денеска се водат многубројни судски процеси.

Затоа Димовски требаше да одговори за многубројните судски процеси против Миле Јанакиевски и дали тоа е една од многуте причини поради која не го поддржува продолжувањето на работата на СЈО?

Да потсетиме, Димовски, има земјиште од над 14 илјади квадратни метри во општина Берово а прв сосед негов е токму Миле Јанакиески, кој има парцела од над 16 илјади квадратниметри.

Двете парцели, на Јанакиевски и на Димовски, од 30 илјади квадратни метри, порано биле сопственост на Република Македонија.

Па нема ли некој чесен и одговорен во белиот дворец за Мицкоски токму Димовски да го задолжи да зборува за одговорност и чесност?

ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за правда, одговороност и чесност, тоа за нив е непозната категорија. СДСМ ќе продолжи одговорно и отчетно да ја води државата. Секаде кадешто има законски или прекршувања на моралните норми ќе следува одговорност.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски