СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го потврди незаконското наплаќање на арач за фирмите

Од:

„ВМРО ДПМНЕ потврди дека противзаконски ќе се наплаќаат од фирмите 60 евра за воспоставување на врска помеѓу GPRS апаратот и УЈП!

ВМРО ДПМНЕ потврди дека бескрупулозно ќе наплаќа арач од 60 евра од фирмите иако тие немаат закоснка обврска за тоа!

Со високите казни на Груевски од по 3000 евра се затворија голем број мали и средни претпријатија, мали бизниси и семејни фирми.

Потоа се измислија таканаречените патриотски фискални каси чијашто примена падна на Уставниот суд.
Колку пари на фирмите се заробија во овие т.н патриотски фискални каси?

Груевски сакаше да им воведе противуставни патриотски фискални каси на фирмите, а сега сака противзаконски да собира пари за новите GPRS каси.

10 000 фирми се затворени како резултат на ваквите брутални политики на Груевски и ВМРО ДПМНЕ!

21 000 фирма е со блокирана сметка.

Граѓаните видоа дека Груевски и Ставрески длабоко брцнаа во нивните џепови и во касите на фирмите.

Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“