СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, Ковачевски ги слуша и почитува

Од:

СДСМ ги слуша проблемите на студентите, работи за нив и ги вклучува во носењето на политиките, кои што ги засегаат. Триесет години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса, но времињата кога некој можеше да си погрува со студентите како што сака, поминаа. Поминаа и времињата кога партиски злоупотребуваната полиција тепаше студенти на плоштади, во библиотеки и студентски домови како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека „претседателот Димитар Ковачевски, самоиницијативно се сретна со сите лидери на студентските движења и заедно низ дијалог најдоа заедничко решение за студентскиот оброк, како и за други прашања во врска со студентскиот стандард“.

„Студентскиот оброк, за првпат воведен пред две години од страна на СДСМ, на предлог на СДММ, ќе продолжи да се користи по старите критериуми. Студентите ќе бидат вклучени во работната група, која ќе работи на креирањето на законско решение, кое ќе биде системско. Ковачевски ги слуша и почитува студентите, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски