А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги понижуваше лекарите, Владата предводена од СДСМ вложува во унапредување на здравството

by А1он23/08/2018 - 16:1694
Share0

СДСМ реагира на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Изманипулирани и излажани лекари и здравствени работници и здравство пред колапс е грдата слика што ја остави зад себе токму ВМРО-ДПМНЕ по 11-те години криминално и расипничко владеење.

Губење на едуцирани и квалитетни доктори и здравствени работници поради непочитување на нивниот труд и нивно заминување на трајна работа во странство е она коешто за жал можевме да го гледаме во изминативе години во државава.

Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го започна процесот на рехабилитација на здравството кое што се наоѓаше во катастрофална состојба, благодарение на погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како еден од првите чекори во обезбедувањето на квалитетни и достојни услови за работа на лекарите е зголемувањето од 5 отсто на платите на здравствените работници, а се воведе и плаќање на надоместок и на приватните специјализанти и зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд.

Во однос на условите за работа на здравствените работници и лекарите, како и услугите кои ги добиваат пациентите, се инвестира во осовременување со медицинска опрема, а се донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар.

Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат активно да работат на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео