СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот на Собранието, неодговорното однесување на Мицкоски на дело

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на чело со деструктивниот Христијан Мицкоски продолжува да работи на штета на граѓаните и во услови на сериозна криза со пандемијата предизвикана од коронавирусот се обидува да ја блокира работата на Собранието.

Со поднесување на голем број нелогични амандмани на предложените измени на Деловникот за работа на Собранието, кои треба да овозможат пратениците, кои се заболени од ковид-19 или се наоѓаат во изолација да можат да учествуваат во работата на собраниските тела на далечина, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето неодговорно лице“, велат СДСМ.

„Во време на сериозни предизвици од коронавирусот, на граѓаните им се потребни функционални институции, кои ќе работат со полн капацитет, функционално собрание кое ќе носи мерки за ублажување на ударот од пандемијата.

Граѓаните го препознаваат и ќе го казнат користењето на ситуации со заразени или пратеници во изолација за остварување на теснопартиски интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он