СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е партија симбол на криминал и незаконски стекнат имот. Белиот дворец од каде ВМРО-ДПМНЕ држи прес-конференции е нелегално стекнат имот потврден со судска пресуда во предметот Талир 2“, реагира СДСМ на прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како не им е срам да држат прес-конференции во криминално стекнат имот кој е пред конфискација? Барем да излезеа од него ако имаа малку доблест.

Нема поголема, подрска и покриминална,на шема отколку онаа за стекнување на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако го веќе сака да зборува за нелегално стекнат имот, ВМРО-ДПМНЕ нека си погледне прво во сопствените редови.

Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?

На кој начин Сашо Мијалков го стекнал луксузниот имот кој го нудеше како гаранции при судските процеси?

Се што ВМРО-ДПМНЕ има како информација за анкетните листови нека ги достави до Државната комисија за спречување корупција, наместо заради безидејност да ја замајува јавноста“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Претседател и членови на комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови, а одлучуваат за милиони

Горан Наумовски

Ковачевски за аферата „Тајни имоти“: Јас немам сознанија, сè што имаат нека достават до Антикорупциска

Маја Илиевска-Пачемска

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Нови детали од аферата „Тајни имоти“, се кријат градежни фирми, станови, куќи и скапи возила

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

Ана Ололовска