СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ единствено има капацитет и идеи за провизии, договорени тендери и промашени траси

Од:

СДСМ со писмена реакција одговори на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ единствено има капацитет и идеи за провизии, договорени тендери и промашени траси за чиешто решавање со потрошија дополнителни стотици милиони евра пари на граѓаните.

Владата предводена од СДСМ преку успешните економски мерки обезбеди раст во сите дејности. Затекнатите катастрофи во инфраструктурните прокети остануваат зад нас, следува раст и во делот на нискоградбата преку обезбедениот инвестициски циклус од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци, како и преку релизацијата на над 30 проекти за изградба на канализациски и водоводни мрежи и пречистителни станици во вредност од околу 17 милиони евра.

Завршено е времето на вештачки набилдани бројки и весели математики со коишто ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните додека им ги крадеше парите за остварување на нечии криминални интереси.

Залудни се лицемерните и лажни обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега се поставува на реални и здрави основи и сите официјални параметри укажуваат дека таа се движи во вистински правец“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници