СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство.

Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните:

Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?

Со кого се среќавал и што правел?

Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски?

Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?

Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, ги засилуваат сомнежите. Дали антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се пворзани со бегство на Груевски?

Преку отворените истраги за бегството на криминалецот Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби