СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедски односи, да имаа аргументи ќе присуствуваа на седницата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ одново покажа дека нема капацитет да ги напушти политиките на изолација, конфликти и поделби во општеството.

Со кукавичката прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против добрососедски односи, против интеграција и против зајакнување на регионалната и меѓународната позиција на Република Македонија. Впрочем, да имаше какви било аргументи, ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваше на собраниската седница и ќе ги бранеше, наместо да промовира изолација.

Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија што денеска беше ратификуван во Собранието, затвора долгогодишно отворено прашање и е во интерес на двете држави, на нивните граѓаните, целосно во согласност со националните и државни интереси на Република Македонија.

Договорот е основа за пријателство на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани. Целиот демократски свет го поздрави Договорот како значаен исчекор кон евро-атлантските интеграции и зајакнувањето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија.

Наместо да создава поделби и конфликти, ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните, пред интересите на државата и активно да се вклучи во процесот на реформи што обезбедува решавање на отворените прашања, добрососедски односи и целосна интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, што впрочем е и највисокиот национален и државен интерес на земјава и нејзините граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски