СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што нема јасен став за референдумот

Од:

„Дали и денеска ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно нема да покажат одговорност пред граѓаните и државата и нема да соопштат јасен став за референдумот за македонската иднина?

ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што нема јасен став за најважното прашање во поновата македонска историја.

Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи напредокот на Македонија? Дали им пречи тоа што пред нас е шансата за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија во темното минато, во времето на насилство, криминал, неизвесност и тензии?

Граѓаните се определени за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се определени за развој, напредок и интеграција.

Затоа на 30 септември одлучно и достоинствено граѓаните ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет, ќе кажат ДА за македонската иднина“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат