СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се однесува разумно и да ги остави надлежните институции да си ја вршат работата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствените кои со години ги изолираа и делеа граѓаните се токму ВМРО-ДПМНЕ кои заради криминалните интереси, потполно ги игнорираа потребите на граѓаните.

Доказ за тоа се пропустите и провизиите за автопатот од Кичево до Охрид кои одат на штета и натамошна изолација на граѓаните од овој регион. Доказ за тоа е и носењето на лажни инвеститори како Субрата Рој и неговите криминални проекти во градот Охрид и охридскиот регион кои се под заштита на УНЕСКО.

Со неспособноста да се санира патот Битола – Ресен, со лажните инвестиции околу Преспанското езеро и долгогодишната незаинтерсираност за решавање на проблемот со струшката депонија, ВМРО-ДПМНЕ ги заборави и изолира граѓаните од овој регион, додека во меѓувреме активно работеше на криминално богатење на партиското раководство.

Наместо во недостиг на идеи да се обидува да профитира врз несреќата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ треба да се однесува разумно и да ги остави надлежните институции да ја вршат својата работа“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО