СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да штети и да ги поддржи демократските процеси за нова Влада и за локални избори

Од:

СДСМ преку писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неопходно е ВМРО-ДПМНЕ веднаш да престане да се однесува деструктивно и да ги дестабилизира државата и граѓаните.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе нанесе штета на граѓаните со тоа што ги остави 5 месеци без нова Влада, а од денеска и без градоначалници и советници.

Парламентарното мнозинство, како што вети, нема да го дозволи хаосот што го планираат Никола Груевски и соработниците за да го избегнат соочувањето со правдата.

За таа цел денеска е договорено да се направат законски измени со коишто ќе биде утврден датумот за локалните избори, а во меѓувреме ќе биде продолжен мандатот на досегашните локални власти.

Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се постави конструктивно, да престанат со приземните политики на задоволување лични интереси и конечно да покажат одговорност кон граѓаните и државата.

Согласно Деловникот, Уставот и законите е избран новиот собраниски претседател. Согласно Уставот, Деловникот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада. Следуваат и законските измени за локалните избори.

Демократските промени се врвен државен и граѓански интерес и секој има лична одговорност да се вгради во нив“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта