СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не тера политика и пласира дополнителна паника, дојавите за бомби се хибридни напади врз институциите

Од:

„Дури и кога државните институции се цел на хибридни напади, а дојавите за бомби се токму тоа, ВМРО-ДПМНЕ не пропушта прилика да меша дневна политика“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ до толку е во заложништво на Апасиев и Левица што станува поекстремна и поддржува хибридни напади.

Северна Македонија веќе извесен период е цел на хибриди напади кои имаат цел да создадат паника и несигурност во јавноста, но такви напади се случуваат и во регионот а последен пример за тоа се денешните масовни дојави за бомби во Црна Гора.

Министерството за внатрешни работи внимателно и професионално постапува по сите дојави за поставени бомби согласно предвидените процедури и тоа го прави во најбрз можен рок, а паралелно сите свои капацитети ги става во функција за лоцирање на виновниците за хибридните напади.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира дополнителна паника во јавноста и барем еднаш да застане зад институциите кои се соочуваат со сериозни напади“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни