СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го злоупотребува Тодоров за политички цели, случајот целосно да биде расветлен

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ги препозаваат лажните информации и политички злоупотреби од ВМРО- ДПМНЕ и тие не се решение за напластените проблеми во државата, исто како што не се решние ни инциденти како тој врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, што СДСМ остро го осуди.

Очекуваме целосно расветлување на случајот во интерес на правдата и вистината. Секој кој сторил протвзаконско дело, мора да се соочи со правдата.

Повикуваме, раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое што цела деценија владееше со насилство, закани, уцени да престане да ги вознемирува граѓаните со конструкции, да поттикнува омраза, насилства и нетрпелливост и да се издигне во одговорна опозициска партија.

Интерес на граѓаните на Република Македонија е поддршка на демократските процеси во Македонија од сите, што подразбираат и правда и еднаквост пред законите за сите“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски