СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже зошто обвинетиот Груевски бега од Надзорната за поплавите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже зошто обвинетиот Никола Груевски бега од Надзорната расправа, а пратениците од неговата партија минатата недела ја блокираа седницата на комисијата.

Дали обвинетиот Груевски се плаши од соочување со вистината?

Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети.

Цела Македонија ја виде неспособноста на институциите под контрола на обвинетиот Груевски. Во 21-от век делови од Скопје немаат канализација! Каналите не се исчистени иако парите за чистење легнале на сметка на бизнисмените блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Партизираните институции потфрлија и не реагираа на време.

Бегале или не, обвинетиот Груевски и неговите кадри ќе одговараат, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски