СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

Од:

„Најавите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за засилени блокади во време на најголема светска економска криза се најнеодговорен чин, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната, во услови кога политичките субјекти од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, соопштува СДСМ.

„Преку судските процеси и директни признанија на високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните постојано сведочат како оваа партија трошела стотици илјади евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ вистински сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Ниту една уцена или обид за блокада нема да им успеат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски