СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги надмине политиките на деструкција, подебли и раздор

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се вклучи во демократските и реформските процеси треба да ги надмине политиките на деструкција, поделби и раздор помеѓу граѓаните, коишто се уште ги застапува и промовира.

Воопшто не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот. Напротив, тој е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со неговото усвојување не губи никој, туку сите добиваат, а со тоа најмногу добива Република Македонија.

Не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како единствен службен јазик и писмо на целата територија, во меѓународните односи, централната полиција, одбраната и монетарната политика.

Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија која се гради како едно општество за сите граѓани.
Цврсто веруваме во концептот на едно општество за сите во коешто граѓаните полесно ги остваруваат своите уставни права“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски