СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира финансиска помош за граѓаните и над 100 други закони во Собранието

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција деструктивна партија која дејствува на штета на граѓаните и државата. Во ек на најголема светска економска и енергетска криза пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со недели го одолговлекуваат законското решение со кое на речиси 200.000 граѓани треба финансиски да им се помогне во следните четири месеци“, велат од СДСМ.

„Покрај тоа, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повеќе од една година блокира над 100 закони важни за граѓаните и државата.

Заради неодговорниот однос и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, државата е оштетена со 100 милиони евра, средства од ЕБОР за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, оваа партија работи за личните и бизнис интереси на мала група луѓе од партиското раководство. Тоа е срамно и неодговорно постапување на Мицкоски и неговата партија“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ