СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби и поттикнуваше говор на омраза, а сега се обидува да разгорува тензии

Од:

СДСМ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните говори за немањето свест и совест во врвот на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби меѓу граѓаните и наместо да осуди, поттикнуваше говор на омраза, а сега преку ширење лажни вести и неосновани обвинувања се обидува да разгорува тензии меѓу граѓаните.

Апелираме на смиреност кај сите граѓани. Институциите постапуваат соодветно и во рамки на нивната законска надлежност.

Јавно е достапно дека Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронајде осомничените за стореното кривично дело. Случајот и преквалификацијата на кривичното дело сега се во рацете на надлежното Обвинителство.

Очекуваме дека низ законска и транспарентна постапка виновниците за овој чин ќе сносат соодветна одговорност во согласност со тежината и во согласност во законите на Република Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски