СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо за подобрување на статусот на професорите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто со 11 годишното неодговорно и криминално владеење го урниса образовниот систем и нанесе огромни штети врз високото образование нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во образованието.

Со новиот Закон за високо образование за кој ВМРО-ДПМНЕ денес глуми загриженост повторно се враќаат асистентите и демонстраторите на факултетите, што беа укинати токму од ВМРО-ДПМНЕ. Во новиот Закон се отвора можност факултетите без согласност од Министерството за финасии да ангажираат демонстратори на факултетите, што ќе овозможи поголема можност за ангажирање на млади луѓе кои сакаат да градат академска кариера.

Крајно лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да предлага амандмани за коефициенти на плати за професорите кога се знае дека токму таа партија цели 11 години, освен што расипнички и криминално ги трошеше парите на граѓаните, не направи ништо за подобрување на статусот на професорите и остави огромни долгови во образованието.

Со новиот Закон за високо образование предвидена е и обврската државата да ги плаќа комуналните, тековни трошоци за функционирање на факултетите.

За разлика од потценувачкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон образованието, Владата предводена од СДСМ го унапредува образованието. Доказ за тоа е зголемениот буџет за високо образование кој е за половина милијарда денари, односно за 20 отсто поголем во однос на буџетот од минатата година.

Лицемерната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ не го менува фактот дека Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство успешно ги надминуваат наследените штети од расиничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и активно работат на создавање модерно и квалитетно образование во интерес на наставниците, професорите, студентите и учениците“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници