СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја злоупотребуваше МВР, секој кој постапувал незаконски ќе одговора

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше Министерството за внатрешни работи, го претвори во МВРО-ВМРО, се обидуваше да сокрие убиства и ја злоупотребуваше полицијата во пресметките со неистомислениците.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што повеќе нема МВРО-ВМРО, што повеќе нема сокривање и бегање од одговорност. Напротив, МВР денес работи професионално, отчетно и ефикасно и секој оној кој постапувал незаконски ќе понесе одговорност без разлика на неговата етничка, религиска, партиска или каква било друга припадност, што се докажа и со експресното расветлување на случајот во Струмица.

Владата предводена од СДСМ започна процес на професионализација и ослободување на МВР и на останатите државни институции, со што тие стануваат вистински независен и професионален сервис на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?